Четиригодишно девојче падна од скалите на семејната куќа и со тешки повреди е пренесено на Клиниката

Макфакс

13/11/2026

14:10

168

Големина на фонт

а а а

Четиригодишно девојче од селото Средно Коњари паднало од скалите во семејната куќа и било пренесено со тешки повреди во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата го истражува случајот.

Синоќа во 21:55 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено четиригодишно девојче од с. Средно Коњари, скопско.

Според пријавеното, девојчето се здобило со повредите пред два дена при пад од скали во семејната куќа.

Надлежните известија дека полициски службеници од СВР Скопје излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.