Герасимовски: Вие го изобличивте Центар со ДУП-овите што ги носевте, а денес зборувате за урбанизмот

Макфакс

13/11/2026

14:50

257

Големина на фонт

а а а

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, ја брани урбанистичката политика на Советот, истакнувајќи ги проблемите предизвикани од претходните Детални Урбанистички Планови и ограничувањата со кои сè уште се соочува општината при донесување одлуки.

На денешната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски одговори на обвинувањата за урбанистичкото планирање, посочувајќи дека последиците од деталните урбанистички планови донесени во минатото и денес го ограничуваат постапувањето на Општината.

„Го унаказивте Центар со детални планови, панорамики, со згради на Водно по 8 спрата, без паркинг-места. Го унаказивте во изминатите години додека бевте на власт во Општина Центар. Носевте по 30 ДУП-ови, ги зголемувавте габаритите и градевте. И сега вие зборувате за градење во Општината, кој давал дозволи?

Законската регулатива е јасна. Кога има важечки детален план, ние како Општина можеме да кочиме извесен период, но работата е завршена и закопани се работите кога се носеле ДУП-овите, кога се дадени одредени права што тешко се менуваат. Многу тешко се менуваат!

Донесовме правилници за да ја регулираме злоупотребата на подземните нивоа кои граѓаните ги бројат како катови плус. А тука се кршеше Општината. Тој што ви ги дава соопштенијата да ги читате, тој ја кршеше Општината за да се гласаат ДУП-овите“, рече Герасимовски.