На локалниот пат меѓу селата Дебреште и Врапчиште, гостиварски автомобил беше погоден од огнено оружје во движење, при што се забележани оштетувања на возилото. МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Инцидент со употреба на огнено оружје бил пријавен на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреште и Врапчиште, откако во автомобил во движење бил забележан проектил, а на возилото биле констатирани оштетувања.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември, околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“ во Полициското одделение Галате.
Во пријавата се наведува дека додека 31-годишниот Е.З. од Гостивар управувал автомобил „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, движејќи се од Дебреште кон Врапчиште, патниците слушнале силен удар во задниот дел од покривот на возилото.
Откако застанале и излегле од автомобилот, забележале проектил од огнено оружје, како и оштетувања на хаубата.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.








