Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Макфакс

07/11/2026

07:10

232

Големина на фонт

а а а

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините се очекува појава на утринска магла. Ветерот ќе биде слаб до умерен од северен правец, со температури од минус 1 до 18 степени во различни делови од земјата.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 15 степени.