Народната банка организира превоз за клиентите на АЛТА банка од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Макфакс

06/11/2026

19:04

234

Големина на фонт

а а а

Народната банка организира превоз за луѓето од Прилеп, Охрид и Ресен кои имаат сметки во АЛТА банка Битола но немаат платежни картички, со цел полесен пристап до своите пари. Превозот ќе се одвива на 7 ноември, а од понеделник ќе бидат отворени и шалтери во Тетово и Струмица за подигање средства.

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во АЛТА банка АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.

Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.

Распоредот и местата на поаѓање се следниве:

Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари.