Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Градот со сопствени средства ќе гради нови објекти за „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров и за „Браќа Миладиновци“ во Драчево.
Град Скопје со ребалансот на буџетот обезбедил пари за изградба на две средни училишта, соопшти на 5 ноември градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Двата објекта ќе се финансираат со сопствени средства на Градот.
Едниот објект е за училиштето „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров. Другиот е за „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево, во општина Кисела Вода.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, архивска фотографија. Фото: Нова Македонија
Ѓорѓиевски рече дека постојните простории не ги задоволуваат потребите на учениците и наставниците. Новите објекти, додаде тој, биле дел од неговата предизборна програма.
Во објавата што ја пренесе МКД.мк, градоначалникот не наведе колку ќе чинат објектите ниту кога би почнала изградбата.
Орце Ѓорѓиевски, архивска фотографија. Фото: МКД.мк








