Димитријевиќ: ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

Макфакс

02/11/2026

19:37

247

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, зборува за сериозниот проблем на пензионерите во Битола по скандалот со Алта банка, повикувајќи на заштита на пензиите и целосно расчистување на случајот.

Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Изјава за ситуацијата

„Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група. Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески. Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал. Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија. Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат“, вели Димитријевиќ.

Проблемите со исплата на пензиите

Тој кажа и дека пензонерите останале без пензии затоа што експозитурите биле затворени, банкоматите празни.

„Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески“, рече Димитријевиќ.

Побарани мерки и оставка

Според него, прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага.

„Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат. Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност“, рече портпаролот на СДСМ.