Штипјанка ги пријавила своите синови, со месеци ја малтретирале

Макфакс

02/11/2026

13:50

342

Големина на фонт

а а а

Жена од Штип ги пријави своите синови кои со месеци ја малтретирале психички и физички. Случајот е пријавен во полиција и известен е јавен обвинител.

Четириесет и осумгодишна жена од Штип ги пријавила своите двајца 20-годишни синови во полиција, тврдејќи дека подолг период физички и психички ја малтретирале и постојано ѝ се заканувале.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера (1 ноември), во 17:42 часот, во СВР Штип.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.