Велешанец на возраст од 24 години беше приведен откако од неговиот џеб во затворот во Идризово испаднале 193 таблети, кои беа одземени од полицијата. За случајот е известен јавен обвинител и се очекува поднесување на пријава.
Дваесет и четиригодишен велешанец бил приведен откако во кругот на Отвореното одделение Велес при КПУ Затвор Идризово кај него биле пронајдени 193 таблети.
Според информациите од МВР, вчера (1 ноември), во 20:45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Р. (24) од Велес.
Тој бил забележан во кругот на затворското одделение, при што од џебот му испаднале 193 таблети, кои полицијата ги пронашла и ги одзела.
Мажот бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








