Дел од општината Гази Баба денеска без струја

Макфакс

02/11/2026

07:17

286

Големина на фонт

а а а

Денеска дел од општината Гази Баба ќе остане без струја поради планирани работи на трансформаторските станици за чистење, проверка на опрема и долевање на масло.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· Во периодот од 08:30 до 11:00 часот, дел од корисниците од улиците Карл Либнехт и Темко Попов, општина Гази Баба, поради работа во ТС Маџари 7 (380549) (чистење, проверка на расклопната опрема и долевање на масло во кабловската глава и трансформаторот).

· Во периодот од 11:30 до 14:30 часот дел од корисниците од улиците Карл Либнехт и Темко Попов, општина Гази Баба, поради работа во ТС Маџари 6 (380379) (чистење, долевање на масло во кабловските глави и трансформаторот, и проверка на расклопната опрема).