ДИК соопшти дека саботното гласање за вториот круг во Брвеница поминало без проблеми. Гласале 104 болни и немоќни лица и осум избирачи во казнено-поправните установи.
Во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница, заврши гласањето на болните и немоќни избирачи и на лицата во казнено-поправните установи.
Од 107 пријавени болни или немоќни лица, гласале 104, соопшти Државната изборна комисија. Во казнено-поправните установи правото на глас го искористиле осум од девет пријавени лица.

Државната изборна комисија — Фото: МРТ
Според ДИК, саботното гласање на 31 октомври се одвивало без проблеми и на избирачите им било овозможено непречено да го остварат своето право.
Вториот круг од изборите во општината се одржува в недела, 1 ноември.
Извор: МИА, пренесено од Курир.
Фото: МРТ / ДИК








