Лажни електродистрибутери ограбувале домови во Грција, пленот над 227.000 евра

Макфакс

31/10/2026

16:10

123

Големина на фонт

а а а

Четири лица се уапсени во Грција под сомнение дека се претставувале како вработени во електродистрибутивна компанија и ограбувале и измамувале граѓани, при што се стекнале со плен вреден над 227.000 евра, објави.

Осомничените, на возраст од 20 до 39 години, управувале со лажен телефонски центар во Западна Грција и користеле нерегистрирани телефонски броеви.

Тие им се јавувале на граѓаните и ги убедувале дека во нивните домови има проблем со електричната инсталација. Потоа им давале инструкции парите и накитот да ги остават во една просторија, а тие да се префрлат во друга. Додека жртвите биле оддалечени, нивни соучесници влегувале во домовите и ги краделе вредните предмети.

Полицијата досега расчистила еден случај на разбојништво и 15 кражби.