Без струја денеска делови од општините Гази Баба и Кисела Вода

Макфакс

30/10/2026

07:30

346

Големина на фонт

а а а

Денеска поради технички активности делови од општините Гази Баба и Кисела Вода ќе останат без електрична енергија на одредени улици со цел изведување на неопходни работи на електричната мрежа.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради планирани технички активности без електрична енергија ќе останат следните корисници:

· Без напојување со ЕЕ ќе бидат улицата Стојна Стефкова, улицата Јајце и улицата Ордан Чопела поради работа во ТС 4 и ТС 5, општина Гази Баба;

· Без напојување со ЕЕ ќе биде улицата Корџевска, Драчево поради работа на електричната мрежа, општина Кисела Вода.