Делови од општините Карпош и Чучер Сандево денеска без вода

Макфакс

30/10/2026

07:30

201

Големина на фонт

а а а

ЈКП Водовод и канализација известува за прекин во водоснабдувањето денеска кај делови од општините Карпош и Чучер Сандево поради технички активности на водоводната мрежа.

Од ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат:

· Поради поставување на регулатор за притисок на водоводна мрежа од ф-150мм на улица Призренска бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улица Призренска и Кучевиша Бара, општина Чучер Сандево, од 08:30 до завршување на активностите.

· Поради изведување на водоводен приклучок ф-125 мм на улицата Ванчо Мицков 27, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Ванчо Мицков и дел од Демир Трајко, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.