Радио Телевизија Србија вечерва доби дојава за поставена бомба, поради што вработените беа евакуирани од зградите на ј јавните служби во Белград.
Информацијата стигна до контакт центарот на РТС во 18:42 часот, по што веднаш беше наредена евакуација.
Полицијата ги проверува локациите, Дневник е одложен
Единиците за борба против субверзија на Министерството за внатрешни работи ги проверуваат објектите на РТС, зградата на Радио Белград и локации во Кошутњак. РТС објави дека Дневник 2 ќе се емитува штом ќе бидат завршени сите безбедносни проверки.








