Временската прогноза за утре најавува променливо облачно време со повремени локални дождови, утринска магла во некои котлини и северен ветер со умерена интензитет. Во наредните денови се очекуваат повремени врнежи и услови за магла, со пообилни дождови во понеделник.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.








