Интер не блескаше, ама успешно го реши гостувањето кај Венеција и тоа со дваавтогола на домаќините во самата завршница на натпреварот.
Иако добар дел од јавноста очекуваше рутинска победа на шампионот, ситуацијата на теренот беше поинаква и дури предводникот на „нероаѕурите“ Кристијан Киву призна дека имале среќа што ги освоиле трите бода.
- Ни недостасуваше енергија и бевме бавни во одредени аспекти, а малку бевме изненадени од нивниот низок блок, иако го очекувавме тоа. Ја движевме топката бавно, но тоа може да се случи кога играте на секои три дена.
- Имавме среќа што победивме. Не знам дали тоа е важно; важно е што останавме во играта и продолживме да веруваме, но и ние имавме среќа. Ова се натпреварите што ги добивате во текот на сезоната, два или три годишно, кога влегувате во нив без доволно убедување. Честитки до нашите противници, тие нè спречија да ги направиме вистинските потези или да создадеме ситуации еден на еден. Имавме и некои стравувања. Проведел нè одржа во мечот, а нашето искуство и квалитет ни помогнаа да најдеме начин да победиме, -истакна Киву.
Следно за лидерот на табелата е дербито со Милан.
- Влегуваме во натпреварот со осум победи и едно реми, како тим каков што сме во моментов, знаејќи дека е дерби. Ќе направиме сѐ што можеме за да се опоравиме физички и ментално. Мислам на неколку играчи што морав да ги жртвувам на полувремето за да ги променан работите. Би сакал сите да ги заменев. Знаеме дека дербињата се приказни за себе и ќе бидеме подготвени, - порача Романецот.








