Модриќ: Ова не го очекувавме, заслуживме…

Дерби

29/10/2026

11:38

240

Големина на фонт

а а а

Милан го доживеа првиот сезонски пораз во Серија А и тоа пред своите гледачи во Милано во соочувањето со Болоња.

„Росонерите“ го завршија првиот дел со водство од 2-1, но потоа дозволија во вторите 45 минути противникот да се размавме, да даде три гола и слави со 4-2 што е лоша увертира пред престојното градско дерби со Интер.

-Беше лош пораз, не го очекувавме, особено по првото полувреме. Мислам дека досега бевме добри во лигата, а вечерва го загубивме нашиот прв натпревар. Изгубивме толку многу дуели во второто полувреме. Тој гол од прекин беше несреќен и од тој момент се фрливме на земја. Заслуживме да изгубиме, -истакна Лука Модриќ кој беше активен од 46 минута.

Сепак Хрватот верува дека како група се движат во позитивен правец под водство на Рубен Аморим.

- Мислам дека одиме во вистинската насока. Тренерот пристигна со нови идеи, со нов стил на игра и се обидуваме да ги разбереме неговите идеи и што бара од нас. Како што реков претходно, добро се снајдовме до вечерва. Секогаш можеш да направиш повеќе, но сепак треба да се подобриме и се надеваме дека ќе го направиме тоа во текот на сезоната, - заклучи ветеранот.