Приведен разбојник од Гостивар за издржување едногодишна затворска казна

Макфакс

29/10/2026

10:50

101

Големина на фонт

а а а

Вчера во Гостивар бил приведен 60-годишник кој бил осуден на една година затворска казна за разбојничка кражба и сега ја издржува казната во затворот во Тетово.

Вчера во 15:45 часот на улицата „Боге Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа 60-годишниот А.Ц. од Гостивар.

Тој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.

Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.