Општина Карпош: 180 нови дрвја за почиста и поздрава животна средина

Макфакс

29/10/2026

10:30

92

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош спроведува акција за садење на 180 нови листопадни дрвја со цел унапредување на зелените површини и подобрување на животната средина за граѓаните.

Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации, извести Општината.

„Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници.

Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на жизната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните“, соопшти Општината.