Продолжен рокот за аплицирање на конкурсот за проекти од национален интерес

Макфакс

29/10/2026

10:10

152

Големина на фонт

а а а

Рокот за електронско аплицирање за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2027 година е продолжен до 6 ноември. Министерството за култура и туризам ги повикува заинтересираните да аплицираат и нуди стручна помош во процесот.

Се продолжува рокот за електронско аплицирање за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, соопшти Министерството за култура и туризам.

Рокот се продолжува до 6 ноември (петок), до 15:30 часот.

„Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура и туризам“, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.