Делови од општините Карпош и Петровец денеска без струја

Макфакс

29/10/2026

06:20

109

Големина на фонт

а а а

Од ЕВН Македонија АД информираат дека делови од општините Карпош и Петровец денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради планирани технички активности без електрична енергија ќе останат следните корисници:

– Во период од 09,00ч до 15,00ч селата Дибље, Сушица, Живиње, Катлановска Сушица, општина Петровец и

– Во период од 11,25ч до 14,25ч улицата Јани Лукровски, општина Карпош.