Без струја денеска делови од пет скопски општини

Макфакс

28/10/2026

07:57

254

Големина на фонт

а а а

Денеска неколку делови од пет општини во Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани исклучувања информира ЕВН Македонија АД.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

– во периодот од 08:25 до 11:25 часот, дел од улицата Зеничка и Коце Металец, општина Гази Баба.

– во периодот од 08:30 до 14:00 часот, корисниците на улицата Ѓорѓи Капчев и Ѓорѓи Капчев 16, општина Аеродром.

– во периодот од 09:00 до 10:30 часот дел од улицата 1, Визбегово и улицата Камени Мост и некој од објектите на фирма Семата, општина Бутел.

– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците во Дрво Декор во Драчево, општина Кисела Вода.

– во периодот од 11:00 до 12:00 часот потрошувачите од улицата 532 во Марино, општина Илинден.

– во периодот од 11:25 до 14:25 часот потрошувачите од ул.Душан Тасковиќ и Тајмиште, општина Гази Баба.

– во периодот од 12:00 до 14:00 часот на улицата Коста Новаковиќ од ЗУР маркет до крајот на улицата.