Денешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од северозападен правец, придружено со температури кои варираат од 0 до 18 степени. Во Скопје се очекува слично време со повремено засилен ветер и температура до 14 степени. Во наредните денови се најавуваат услови за утринска магла и повремени врнежи од дожд.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.








