Делови од општините Студеничани и Чаир денеска без вода

Макфакс

27/10/2026

06:34

203

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација извести за прекини во водоснабдувањето во делови од општините Студеничани и Чаир денеска, поради технички работи на резервоар и исклучување на стара водоводна мрежа.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска се најавени следните прекини во водоснабдувањето и тоа:

– поради чистење на резервоарот во Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци, општина Студеничани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности;

– поради исклучување на стара водоводна мрежа Ф 2“на улица Чаирска бб. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици Чаирска, Отокар Кершовани, Васил Аџиларски, 397.Мимар Синан,Албански Националдемократи и Петар Георгиев, општинса Чаир.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.