Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови

Макфакс

27/10/2026

06:34

238

Големина на фонт

а а а

Дневната прогноза најавува променливо облачно и посвежо време со услови за врнежи од дожд во северните делови на Македонија, каде на повисоките планини тие ќе преминуваат во снег. Се очекува умерен до засилен ветер, а температурите ќе бидат пониски со минимални вредности до -2 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Од денеска ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.