По брачна расправија, гостиварец насилно влегол во станот и ја претепал сопругата

Макфакс

26/10/2026

14:20

200

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар, по брачна расправија, маж насилно влегол во станот и ја нападнал сопругата, при што бил лишен од слобода од страна на полицијата.

На 25.10.2026 во 11:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.С.(33) од гостиварско село.

Претходно, тој бил пријавен од неговата 48-годишна сопруга од Гостивар дека околу 02:00 часот, по кратка расправија, насилно влегол во станот, ја оштетил балконската врата и потоа физички ја нападнал и ѝ нанел повреда.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.