Флоријан Вирц е едно од најскапите засилувања во историјата на Ливерпул, ас кој од Баер Леверкузен пристигна на „Енфилд Роуд“, фудбалер за кого има огромни очекувања, но засега истите не ги оправдува иако ја игра втората сезона.
Често има критики на адреса на Германецот, па има и такви кои се откажаа од него кога е во прашање неговиот статус и дали ќе успее во редовите на англискиот великан, но Вирц е смирен и сака да зборува на теренот.
- Можеби сум само интересен човек, знаете?Не, јас само го играм мојот фудбал, и ако луѓето сакаат да зборуваат за мене или да ме осудуваат, тоа е нивна работа. Не се фокусирам на тоа. Само сакам да играм фудбал, а повеќе од тоа не можам да направам, -рече Вирц за прозивките.
Офанзивецот даде коментар за победата над Брајтон.
- Денес имавме вистински менталитет за да влеземе во овој натпревар. Во првото полувреме или првите 30 минути, бевме над нив и навистина добри во дуелите, создавајќи многу шанси. Добро е што го завршивме полувремето и се браневме добро. Навистина сме среќни поради тоа.
- Навистина е пријатно. Мислам дека многу работи не беа толку добри во последниот месец, па уште повеќе сум среќен што во моментов оди добро. На добар пат сме да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме. Треба да продолжиме вака и среќен сум поради тоа, - заклучи германскиот репрезентативец.







