Барселона по долго време доживеа пораз на домашен терен во шпанската Примера и тоа во најлошо време и тоа од директниот конкурент за титулата Реал Мадрид.
Каталонците имаат статус на благи фаворити, играа на „Камп Ноу“ и имаа можност со победа да го „нокаутираат“ лутиот ривал, да му избегаат девет бода, но домаќините не беа на посакуваното ниво, ја немаше потребната свежина, агресивност, прецизност во додавањата и дозволија Реал да дојде до свои шанси и со победа си замине од Каталонија.
- Од моја гледна точка, ние бевме подобар тим, но ова е Реал Мадрид; тие создаваат малку шанси и постигнуваат голови. Мислам дека генерално бевме подобар тим, но мора да реагираме. Има многу пати кога сакаме да притискаме високо… а друг пат треба повеќе да ја контролираме играта со топката, каде што сме добри.
- Треба да имаме повеќе посед на топката, да ја циркулираме топката и да создаваме шанси, иако имавме повеќе од Реал Мадрид, - истакна Жоао Кансело кој испрати порака до соиграчите.
- Ние сме скромен тим, сакаме да работиме напорно. Момците веќе се фокусирани на одговор против Алавес, и тоа е она што ќе го правиме“, заклучи Кансело.







