Милан настапи без доста важни играчи на средбата со Удинезе, но и без нив успеа да го освои „Фриули“ и победнички да ја заокружи оваа седмица кога е во прашање Серија А.
„Росонерите“ славеа со 2-0 со погодоците на Пулишиќ и Хачинсон, триумф со кој останаа блиску до водечките Интер и Лацио.
- Навистина сум среќен за нив и навистина горд, бидејќи сè за што разговаравме пред натпреварот, да бидеме конкурентни од првата минута, мислам дека тоа го направивме. Дури и кога се заморивме во второто полувреме, ја контролиравме играта, па затоа сум навистина среќен со тимот. Сега треба да размислуваме за следниот натпревар, - истакна тренерот Рубен Аморим.
Со оглед на напорниор распоред, повредите, Аморим мораше да им даде шанса на некои други играчи, па така Диавара и Томори за првпат беа стартери во Калчото во сезоната, додека Бартесаги доби нова улога и играше поофанзивно.
- Секој треба да биде подготвен. Мојата работа не е само да се подготвам за победа на следниот натпревар, тоа е она што луѓето го сакаат, туку мојата работа е и да му помогнам на Милан во иднина. За тоа, тие треба да играат, треба да имаат можност и да чувствуваат дека се важни. Тие треба да работат навистина напорно, денес имаме многу повреди, а тие покажаа дека се подготвени да се справат со притисокот од играњето за овој клуб. Затоа сум навистина среќен и горд, бидејќи кога сме на теренот, тоа е моја одговорност.
- Бартесаги денес се покажа навистина добро, мислам дека е подобар офанзивно отколку дефанзивно, тој е италијански дечко, и ако го видите Бартесаги, мислам дека треба да ја подобри својата дефанзивна страна, да биде поагресивен во еден на еден. Тој навистина добро центрира, неговите завршни удари се квалитетни на тренинзите, треба почесто да влегува во шеснаесетникот. Мислам дека моите проблеми со Бартесаги се повеќе дефанзивни отколку офанзивни, - порача Португалецот.
Следно за „црвено-црните“ е соочувањето со Болоња на „Сан Сиро“.










