Пари Сен Жермен го очекуваат уште многу битки до крајот на сезоната, битки кои мора да се добијат за да се остварат целите, да се потврди доминацијата во Франција, но и да се одбрани пехарот во Лигата на шампионите што е ставено како приоритет.
Меѓутоа до тие титули ќе мора да стигнат без услугите на еден од најдобрите и најзначајни играчи Хвича Кварацхелија кој заработи тешка повреда на коленото на средбата со Барселона и го очекува долга пауза од коленото. Ова ќе биде долг процес на рехабилитација за Грузиецот и тоа добро го знае тренерот Луис Енрике кој му испрати јавна порака со поддршка на офанзивецот.
- Нашите мисли се со играчот и низ се што ќе помине, тешко е. Квара е борец… тој беше, е и ќе продолжи да биде многу важен играч за нас. Ќе бидеме до него и ќе бидеме внимателни кон неговите потреби. Ќе се врати уште посилен, немам сомнение во тоа, - истакна Шпанецот кој порача дека повредата на напаѓачот не значи дека тие сигурно ќе тргнат по замена во 2027 година.
- Ниту една повреда не значи дека апсолутно мора да потпишеме нов играч. Од почетокот на сезоната, секогаш велев дека можеме да се справиме со какви било повреди. Секако, секогаш внимателно го следиме секој преоден рок… но никогаш не е поради повреда. Ние сме истиот тим, со или без повреди, бидејќи сите го делиме истиот начин на размислување, - заклучи Лучо.







