Демократски сојуз: Честитки за победата на Студентската листа

Макфакс

26/10/2026

10:20

241

Големина на фонт

а а а

Демократскиот сојуз ја поздравува победата на Студентската листа во Србија, истакнувајќи ја важноста на демократскиот процес и нагласувајќи ја потребата за продолжување на добрата соработка и взаемните односи со Македонија.

Демократскиот сојуз ја честита победата на „Студентската листа“.

„Граѓаните на Србија се одлучија за промена на власта и таа нивна определба е за респект и почитување.

За Македонија е клучно да продолжат соработката и добрите политички и севкупни односи засновани на заемно почитување и разбирање.

Македонија имаше правилен став и не се вмеша на ниту било кој начин во вонредните парламентарни избори.

Изборите во Србија беа демократски и мирни и трансферот на власта треба да се одвива во истата насока“, соопшти Демократскиот сојуз.