Карагер со остри зборови за Португалецот: Тоа што го направи Бруно е срамно

Дерби

22/10/2026

12:28

280

Големина на фонт

а а а

Поразот на Манчестер Јунајтед од Комо донесе дополнителна тензија во редовите на премиерлигашот, а англиските медиуми се убедени дека раководството веќе подготвува замена за менаџерот Мајкл Карик.

Актуелниот предводник на „ѓаволите“ доби дополнителен удар и од капитенот Бруно Фернандеш, кој по вчерашниот дуел испратил критики за начинот на кој била поставена тактиката за гостувањето во Италија, нешто што изнуди одговор од Карик, но и го разбесни Џејми Карагер.

Во емисијата на „Си-Би-Ес“, поранешниот дефанзивец испратил остри зборови на сметка на Португалецот, критикувајќи го поради фактот што се дрзнал да го критикува менаџерот пред камерите.

– Минатата недела Лисандро Мартинез го критикуваше менаџментот, но она што денеска го направи Бруно Фернандеш е срамно.

– Ако ја земеме предвид минатата сезона, кога тој беше прогласен за играч на сезоната – тоа се случи откако Мајкл Керик стана менаџер. Без Мајкл Керик, тој немаше да ја добие таа награда, бидејќи беше вратен на својата природна позиција и одигра фантастична сезона, едноставно затоа што е талентиран фудбалер.

– Но, што се однесува до неговиот став и начинот на кој пристапува кон работите – тоа воопшто не е во ред. Тој реагираше така затоа што беше повлечен од игра, а тоа го доживеа како понижување од страна на менаџерот. Кога станува збор за пресингот – било да е „човек на човек“ или зонски – Бруно Фернандеш со години е причината поради која Манчестер Јунајтед не може да игра ефикасен пресинг. Тој прави потези за публиката, коментирам натпревари и гледам како трча насекаде, играјќи како дете на игралиште. Игра за навивачите, изгледа како да вложува голем напор, но всушност не е така – со тоа само го уништува тимот. Тој не игра во успешна ера за Манчестер Јунајтед.

– Пред многу години, капитен беше Брајан Робсон – еден од најголемите играчи што некогаш настапувале за Манчестер Јунајтед. Тој играше за клубот и никогаш не ги оставаше менаџерот или соиграчите на цедило. Тој постојано се бореше за Манчестер Јунајтед. Гледајќи го Фернандеш како секоја недела, за време на натпревар, крева раце во знак на незадоволство – тоа е апсолутен срам. Да го критикуваш менаџерот, а притоа да имаш таков учинок на теренот оваа сезона… Ужасен став – тоа не е однесување што му доликува на капитен на Манчестер Јунајтед.

– Никој не тврди дека Мајкл Керик е еден од најдобрите менаџери во Европа, но тој дојде и му помогна на својот клуб. Беше без ангажман, дојде и заврши одлична работа, единствената причина поради која се во Лигата на шампионите е Керик. Тој ги однесе таму, благодарение на него добија дополнителни 100 до 150 милиони фунти, иако никој не очекуваше дека ќе стигнат до таа фаза. Малку ми е жал за него. Едноставно не функционира и потребна е промена, – рекол Карагер.