Чупиќ го големата победа над Нант: Чекавме ваков натпревар

Дерби

22/10/2026

11:37

282

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар вчера конечно ја прекинаа лошата серија во Лигата на шампионите и тоа со доминантен настап во Франција, каде беше совладан тимот на Нант.

Тренерот Иван Чупиќ конечно може да биде задоволен од епилогот по неколкуте порази во драматична завршница, а „црвено-црните“ сега помирно можат да ги очекуваат следните предизвици.

Хрватскиот стручњак во изјавата по натпреварот истакнал дека Вардар конечно имал натпревар во кој го покажал својот потенцијал.

– Досега имавме четири тешки натпревари, кои ги загубивме во последните минути со еден или два гола разлика.

– Чекавме еден ваков совршен натпревар за нас и конечно да прославиме два бода во групата.

– Секогаш е тешко да се игра во Нант, но за нас голем предизвик беше да покажеме дека сме подобри од тоа што го прикажавме на претходните натпревари, – истакнал Чупиќ во Франција.