Роналдо со порака за поддршка за Кварацхелија: Допрва доаѓа најдоброто

Дерби

22/10/2026

11:36

283

Големина на фонт

а а а

Повредата на Квича Кварацхелија е голема загуба за ПСЖ, но и за фудбалските фанови кои уживаа во потезите на Грузиецот, кој и сезонава беше еден од најважните играчи во редовите на европскиот шампион.

Фудбалерот сега оди на долга пауза во процесот на рехабилитација од повредата на коленото, а доби пораки со поддршка од сите страни на светот.

Една посебно го привлече вниманието, поради содржината, но и поради фактот што е потпишана од Кристијано Роналдо.

– Најтешките битки во фудбалот често се оние кои никој не ги гледа. Го знам тоа чувство, Квара.

– Но, никогаш не заборавај што те донесе таму каде што си сега и не дозволувај еден тежок момент да те натера да се сомневаш во сè она што можеш да го постигнеш.

– Одржувај го тој пламен жив. Допрва доаѓа најдоброто, – порачал Роналдо во пораката која го привлече вниманието на фановите.