Со „фолксваген голф“ удрил во велосипедист, му нанел тешки повреди

Макфакс

21/10/2026

13:29

192

Големина на фонт

а а а

Во ОВР Кичево вчера во 16:40 часот било пријавено дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево, кај место викано Млин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(62) од Кичево и велосипед управуван од Б.Т.(81) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.