ЕУ сака да го ограничи увозот на евтина стока за да ги заштити европските компании

Макфакс

21/10/2026

11:09

247

Големина на фонт

а а а

Европската комисија планира да предложи нови мерки за заштита на Европската унија од нелојална конкуренција и увоз по дампинг цени. Ова го најави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент, пренесува „Ројтерс“.

Во сржта на предлогот е механизам што ќе им овозможи на земјите-членки на ЕУ брзо да го ограничат пристапот до единствениот пазар во случај на ненадеен прилив на евтина стока што ја загрозува европската индустрија.

„Конкурентноста зависи од тоа дали нашите компании можат да се натпреваруваат на глобално ниво под фер услови“, изјави Фон дер Лајен.

Комисијата, исто така, ќе предложи пакет за солидарност наменет за земјите што се соочуваат со конкретни трговски закани.

„Во свет каде што економската моќ сè повеќе се користи како оружје, Европа мора да ја искористи сопствената економска сила за колективно да ги одбрани своите интереси“, заклучи претседателката на Комисијата.