Инфлацијата во Грција забрза на 5,7 отсто, природниот гас поскапе за 80 отсто

Точка

10/11/2026

22:29

278

Големина на фонт

а а а

Годишната стапка се зголеми од 5 отсто во септември. Најголемиот притисок врз цените доаѓа од енергијата, домувањето и превозот.

Потрошувачките цени во Грција во октомври биле за 5,7 отсто повисоки од истиот месец лани, објави на 10 ноември грчкиот завод за статистика ЕЛСТАТ. Во септември годишната инфлација изнесуваше 5 отсто, а само меѓу септември и октомври цените пораснале за 0,7 отсто.

Трошоците за домување биле повисоки за 15,1 отсто на годишно ниво, а трошоците за превоз за 13,8 отсто. Меѓу енергенсите се издвојува природниот гас, кој поскапел за 80 отсто, додека маслото за греење било поскапо за 37,5 отсто.

Централниот пазар Варвакиос во Атина, архивска фотографија

Централниот пазар Варвакиос во Атина, архивска фотографија · Фото: athenswalk / Wikimedia Commons (CC0)

Храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,1 отсто, со раст кај лебот, дел од месото и зеленчукот. Во исто време, маслиновото масло и оризот биле поевтини од октомври минатата година, според прегледот на податоците на „То Вима“.

Кавер · Artemisia72 / Wikimedia Commons · CC BY-SA 4.0