Исплатата на родителски додаток за деца за месец септември 2026 година е во тек, со можност за подигање готовина или користење на средствата преку електронски услуги.
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на родителски додаток за дете за месец септември 2026 година.
Користниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.








