[ВИДЕО] Новинар го праша Трамп дали се плаши од иранските дронови, тој одговори: „Ако ме погодат мене, и ти си готов“

Макфакс

17/11/2026

17:11

373

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на прашање од новинар дали се плаши од ирански беспилотни летала, нагласувајќи дека ако тој биде погоден, тогаш и новинарот е загрозен. Овој разговор следува по предупредувања од разузнавачките служби за можни напади врз високи американски функционери.

Синоќа, американскиот претседател Доналд Трамп му рече на еден новинар – кој праша дали стравува од можен напад со ирански бесpilotни летала – дека и тој самиот би можел да загине во таков напад. Разговорот се одвиваше пред Белата куќа, во време кога американските разузнавачки служби предупредуваат за можни ирански планови за напад врз Трамп и високи функционери во неговата администрација.

„Дали сте загрижени дека ирански беспилотни летала би можеле да ве земат вас лично за цел?“ – го праша новинарот Трамп за време на разговор со претставници на медиумите во понеделникот.

„Повеќе сум загрижен за вас, бидејќи ако ме погодат мене, тогаш и вие сте готови“, одговори Трамп, укажувајќи на малото растојание меѓу него и новинарот.

Потоа додаде: „Чувајте се“. Забелешката на Трамп, изречена во шеговит тон, дојде по нови предупредувања од американските и израелските разузнавачки служби во врска со можни ирански напади врз американски функционери.