Плански прекини на електрична енергија се најавени за денеска во неколку делови од општините Гази Баба и Илинден поради технички работи и реконструкција на нисконапонската мрежа.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат следните корисници:
· Поради работа во ТС Синѓелиќ 2 без напојување ќе останат дел од корисниците на ул Палмиро Тољати-Синѓелиќ од 08.00-14.30 часот, општина Гази Баба;
· Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ќе останат дел од корисниците на улицата Среќко Пужалка од бр.50 до бр.60 од 08.00-13.00 часот и бр.30 до бр.35а од 12.00-14.00 часот, општина Гази Баба;
· Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ќе останат улицата 2, улицата 3 и улицата 406 во населба Јака/Марино од 09.00-13.00 часот, општина Илинден;
· Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ќе останат улицата 510 и улицата 526 во село Марино од 09.30-13.30 часот, општина Илинден;
· Во период од 11,30ч до 14,30ч поради работа во ТС Сингелиќ, без напојување ќе бидат корисниците на улицата Палмири Тољати, општина Гази Баба;
· Во период од 12,00ч до 14,00ч, поради реконструкција на НН мрежа, без напојување ќе бидат корисниците на улицата Среќко Пржулка бр 30 до 35 А, општина Гази Баба.








