Сончево со мала локална облачност, температурата денеска до 26 степени

Макфакс

20/10/2026

07:10

315

Големина на фонт

а а а

Времето денес ќе биде сончево со мала облачност и температура до 26 степени, додека следните денови се очекува променливо облачно со дожд и грмежи.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови

Од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.