Нивната љубовна приказна звучи како филм: Ја спасил Кејт Винслет и нејзините деца од пожар, а потоа ѝ станал сопруг

Точка

19/10/2026

22:45

158

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на Кејт Винслет и Едвард Ејбел Смит започнала на несекојдневен начин.

Нивната средба се случила во 2011 година, за време на престојот на Британските Девствени Острови, поточно на островот Некар, кој е во сопственост на семејството Бренсон. Кејт била таму со децата кога невреме предизвикало пожар во куќата во која престојувале. Гром го погодил објектот, а ситуацијата набрзо станала опасна.


Токму Едвард, внукот од сестра на британскиот милијардер Ричард Бренсон, им помогнал на Кејт и на нејзиното семејство безбедно да се извлечат. Иако се запознале неколку дена претходно, тој настан оставил силен впечаток врз актерката и го променил текот на нивниот однос.

„Ми беше сосема јасно дека тоа е личноста со која треба да го поминам животот. И денес се чувствувам сосема исто“, изјавила таа во една пригода, пишува „Daily Mail“.


Кејт и Едвард се венчале кон крајот на 2012 година, а една година по венчавката го добиле синот Бер. Неговото средно име, Блејз, било избрано како потсетник на пожарот во кој Едвард им помогнал на актерката и на нејзиното семејство.

Кејт има две деца од претходните бракови – ќерката Мија, која ја добила со првиот сопруг Џим Треплтон, и синот Џо, чиј татко е режисерот Сем Мендес.

Кејт со сопругот и децата живее во Сасекс, каде што водат мирен живот.