Во Дебар е поднесена кривична пријава поради кражба на пиштол од Општа болница, каде што една од вработените им помогнала на други две лица да украдат оружје сопственост на болницата.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.А.(42), А.И.В.(32) и А.К.(36), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, додека второ и третопријавениот сториле и кривично дело „помагање во извршување кривично дело“.
Кражба во болницата во Дебар
Имено на 12/13.02.2026 во Јавна здравствена установа – Општа болница Дебар, откако А.И.В., вработена во болницата, му го дала клучот од влезната врата на Ј.А., тој со третопријавениот влегле во болницата и во една од канцелариите одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 9.9 милиметри, сопственост на ЈЗУ-Општа болница Дебар.








