Поради технички работи на улицата Коце Металец, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од општината Гази Баба, заради промена на затворач и надземен хидрант.
Поради промена на затворач и надземен хидрант на улицата Коце Металец бб (последна 16-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици:
Коце Металец, Зеничка, Тајмишка, дел од улицата Филип Филиповиќ и дел од улицата Гемиџиска (општина Гази Баба).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, известуваат од ЈП Водовод и канализација.








