Дневната прогноза најавува сончево време со умерена облачност и максимални температури до 23 степени, со ветар од северен правец, додека во наредната недела се очекуваат промени со дождови.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Времето во наредната недела
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.








