Новиот светски шампион извозе 1:10.763 на вториот тренинг за Големата награда на Сао Паоло, со повеќе од две десетинки предност пред Норис.
Кими Антонели го постави најбрзиот круг на петочните тренинзи за Големата награда на Сао Паоло. Новиот светски шампион со Мерцедес извозе 1:10.763 на вториот тренинг на „Интерлагос“, откако во првата сесија беше втор зад Ландо Норис.
Шест илјадитинки меѓу Норис и Ферстапен
Норис заврши втор, со заостанување од 0,253 секунди. Макс Ферстапен беше само шест илјадитинки побавен од возачот на Мекларен. Џорџ Расел и Оскар Пјастри ги зазедоа четвртото и петтото место.

Шарл Леклер на петочниот тренинг на „Интерлагос“. Фото: Formula 1
Ферари зад водечката петорка
Луис Хамилтон заврши шести, а Шарл Леклер седми. На брзиот круг Леклер загуби време кога го избегна болидот на Рафаел Камара на главниот правец. Нико Хилкенберг воопшто не излезе на патеката додека Ауди работеше на проблемот што му го скрати првиот тренинг на Фреди Слејтер.
Квалификациите се во сабота, на 7 ноември, во 19:00 часот по скопско време, а трката во недела од 18:00 часот.








