Во Брвеница утре се бира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Макфакс

17/10/2026

08:50

225

Големина на фонт

а а а

Општина Брвеница утре одржува предвремени избори за градоначалник, додека денеска болните и изнемоштените лица го остваруваат своето избирачко право согласно податоците од Државната изборна комисија.

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат на предвремените локални избори за избор на градоначалник, а денеска своето избирачко право го остваруваат болните и изнемоштените лица.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 88 болни и изнемоштени лица.

Во Избирачкиот список за десетте населени места во општината се запишани вкупно 16.256 избирачи. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет лица се наоѓаат во затвор или во притвор.

Избирачките места утре ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.