Легендарно фудбалско име размислува да му биде противкандидат на својот шеф Инфантино

Дерби

16/10/2026

13:50

171

Големина на фонт

а а а

Џани Инфантино наводно им се извинил на членовите на ФИФА советот кој заседава деновиве, но тоа не значи дека ќе успее да ја врати довербата меѓу делегатите кои ќе гласаат на претседателските избори во 2027 година.

Актуелниот претседател признал дека направил грешка со планот за продавање на правата за светските првенства на приватни инвеститори, но останува во тешка позиција во обидот да си ја задржи функцијата во уште еден мандат.

Во меѓувреме, угледни медиуми меѓу кои и „Би-Би-Си“, најавија интересно сценарио, во кое еден од противкандидатите на Инфантино може да биде неговиот близок соработник Арсен Венгер.

Многу влијателни имиња на фудбалската сцена се надеваат дека Венгер ќе го прифати предизвикот и ќе се кандидира за престижната, но и одговорна функција, што ќе биде интересен расплет.

Ова пред се поради фактот што Венгер во моментов извршува функција во ФИФА и фактички Инфантино му е претпоставен во Светската фудбалска федерација. Друго познато име кое се споменува е Луис Фиго, но ситуацијата дополнително ќе се разјаснува како ќе се приближува терминот за изборите.