Јувентус вчера комплетираше пресврт на гостувањето кај Селта Виго и стигна до нова победа во Лига Европа, а тренерот Лучијано Спалети повторно имал многу замерки за играта на својот тим во првото полувреме.
Италијанскиот тим се прикажа во бледо издание, во кое дозволи противникот да стигне и до водство, но го поправи впечатокот по паузата, постигнувајќи голови преку Волтемаде и Коло Муани за конечни 1:2.
Она што го привлече вниманието на медиумите е начинот на кој се однесуваше Франциско Консеисао откако беше заменет во 64. минута, односно неговите удари по клупата и заминувањето во соблекувалната. По краткото отсуство Португалецот се вратил на клупата, од каде го проследил финишот, а Спалети сепак морал да се објаснува за оваа ситуација.
– Подобро за него е да биде лут на себе, односно својот настап. Во спротивно, ќе треба да разговараме подоцна за да ми каже во што е проблемот.
– Ако има нешто да каже, тоа сигурно ќе биде за неговиот перфоранс вечерва. Од друга страна, играше седумдесет минути, има уште многу натпревари пред нас, а следниот доаѓа за неколку дена. Моите асистенти ми рекоа дека не бил лут на мене, но и да било спротивното, ќе разговараме и ќе ја разјасниме ситуацијата, – рекол Спалети.








